Она што не издвојува од останатите е нашата визионерска цел и навистина уникатни дизајни курирани до совршенство.

Студии
и елаборати

Солидна основа за секоја одлука!

Подготвуваме детални студии и елаборати за различни проекти, овозможувајќи цврста основа за ефикасно планирање и изведба.

Урбанистичкото планирање

Обликување на иднината на вашиот простор!

Изработуваме урбанистички планови и урбанистички проекти кои овозможуваат одржлив развој, ефикасно користење на просторот и создавање хармонични заедници.

Проектирање

Вашата визија претворена во реалност!

Лиценцирани сме за изработка на комплетни идејни и основни проекти за објекти од високоградба и нискоградба, гарантирајќи безбедност и функционалност.

Ревизија на проектна документација

Ваша сигурност во
секоја фаза!

Нудиме професионална ревизија на проектна документација за да осигураме усогласеност со стандардите и законските прописи.

Надзор на различни објекти

Објекти од високоградба и нискоградба!

Нашиот искусен инженерски кадар, составен од експерти од разни области, ефикасно врши контрола и го надгледува секој аспект од градежните работи од областа високоградба, нискоградба, електротехника и машинство.

Биро за Урбанизам – Битола е ваш партнер за успешна реализација на урбанистички и градежни проекти. Со долгогодишно искуство и професионализам, нудиме интегрирани услуги од концепт до реализација, обезбедувајќи највисоки стандарди во секоја фаза.

Биро за Урбанизам денес е компанија, која покрај својата основна дејност – урбанистичкото планирање, исто така е лиценцирана компанија за изработка на проекти (проектирање) од високоградба и нискоградба,  ревизија на проектна документација, а последна услуга која беше додадена во нашето портфолио е надзор при реализација, односно при изградба на секаков вид објекти и од високоградба и од нискоградба. 

Биро за Урбанизам е компанија која изработува и разни студии и елаборати за соодветните дејности претходно споменати.